А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полициски синдикат: И ние сме луѓе, воздржете се од верски собири

by А1он10/05/2020 - 14:29746
Share0

Македонскиот полициски синдикат од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на било каков друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од КОВИД 19.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Изминатите три месеци, заедно со здравствените работници деноноќно работиме на ваша заштита, на заштита на вашите и наши семејства Постапувавме со грижа кон секој од вас и со подадена рака да си помогнеме едни на други.Упатуваме апел до сите вас, воздржете се од непочитување на мерките, воздржете се од повик на собири и други облици на загрозување на здравјето на граѓаните.Не заборавајте и ние сме луѓе, и ние сме нечие семејство, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на вашите и нашите семејства со непочитување на мерките.
Вработените во МВР вложија многу во овој период, ги ризикуваа животите, дел и заболеа од вирусот.Да не дозволиме ширење на вирусот и загрозување на здравјето на сите граѓани, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници“, апелира со соопштение синдикатот.

Со почит

coronavirus mkdpolicijapoliciski sindikatverski lideri

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Предраг Петровиќ11/08/2026 - 15:54

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:00

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:22

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски31/07/2026 - 10:3431/07/2026 - 10:51

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ24/07/2026 - 18:1324/07/2026 - 18:52

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски24/07/2026 - 07:3424/07/2026 - 07:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео