А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови 30 дена притвор за ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимвовски

by А1он15/04/2019 - 11:2015/04/2019 - 14:08257
Share0

Кривичниот совет на скопска единица по барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција му го продолжи 30-дневниот притвор на Тони Јакимовски-поранешниот шеф на кабинетот на ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, кој е осомничен за проневера на пари во тајната полиција, потврдија од Кривичниот суд за „А1он“.

Добивај вести на вибер

Јакимовски е осомничен заедно со уште две лица, вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање кои исто така добија нови 30 дена притвор. Судот определил и една мерка.

Според Обвинителството, во периодот од јануари 2007 година до мај 2017 година осомничените, како службени лица во УБК, со неизвршување на службените должности постапиле спротивно на Упатството за користење средства за посебна намена на УБК.

Осомничените во 172 наврати, подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – ‘главните книги за евиденција’ ги уништувале, без посебно одобрение од директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција. Со ваквите дејствија предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 50.670.000 денари или приближно 823 илјади евра.

Васко Маглешов

obvinitelstvosjotoni jakimovski

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен