А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нови 25 наслови од светската филозофија, историја и психологија со психоанализа

by А1он22/09/2016 - 16:40177
Share0

Нови 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ од денеска се достапни за стручната и пошироката јавност. Со тоа во рамки на овој проект поддржан од Министерството за култура и Владата досега се преведени 140 дела од вкупно предвидените 366 наслови.

Добивај вести на вибер

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на денешната промоција на делата во Скопје, истакна дека едицијата ќе го збогати образовниот процес во нашата држава, ќе овозможи на младата популација да го подигне нивото на својата едукација, а особено ќе помогне за поставување на основите на процесот на развивање и унапредување на научната терминологија на македонскиот јазик како неопходен инструмент на научната и филозофката дејност.

– Уверена сум дека преку едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и другите капитални проекти кои ги реализиравме во изминатиот период сите ние ќе дадеме еден значителен придонес кон продуцирање на високо квалитетен кадар кој ефективно ќе го унапредува развојот на македонската наука и култура и ќе комуницира со останатите напредни средини од светот, рече Канческа Милевска.

Промоторот на изданијата проф. Драгица Поповска истакна дека станува збор за дела од реномирани светски универзитети кои стануваат достапни на македонски јазик со кои се овозможува увод во разни концепти што е клучно за развој на македонската наука.

За Александра Жежова која е меѓу преведувачите на делата, едицијата е од посебно значење бидејќи доближува до македонските студенти и истражувачи монументални изданија од светски еминентни автори кои се втемелувачи на филозофијата, историјата и психоанализата се до современи автори чии дела се бестселери и наградувани.  

knigi

Би можело да ве интересира

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on15/11/2022 - 15:14

Меѓународна тркалезна маса за лексикографските трудови во Македонија

Наум Локоски17/06/2017 - 09:41

Штипската библиотека доби 27 книги отпечатени на Браевото писмо

Наум Локоски16/06/2017 - 16:03

Јовица Тасевски – Етернијан на Саемот на книгата

Емир Латифовиќ16/04/2016 - 11:56

Струшката библиотека доби современа читална

Емир Латифовиќ11/12/2015 - 17:17

Кампања на ЕВН Македонија за подигнување на читачката култура кај младите

Емир Латифовиќ23/06/2015 - 16:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен