Нови 1.288 бегалци вчера ја минале границата на Македонија

Од:

На вкупно 1.288 странски државјани од вчера утро до изутрината до 8 часот им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најбројни се бегалците од Сирија. Од јуни досега се издадени 47.994 потврди на странски државјани.

Како што соопшти МВР, од вкупно 1.288 странски државјани, 807 се од машки пол, 200 се од женски, 221 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 60 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.114, Авганистан – 60, Пакистан – 54, Палестина – 27, Ирак – 13 додека другите се во помал број, соопшти МВР.

Во периодот од 19 јуни до денеска до 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 47.994 странски државјани, од кои, 33.114 се од машки пол, 6.593 се од женски, 7.480 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 807 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.164, потоа Авганистан-2.258, Ирак-2.152, Пакистан-1.452, Палестина-603, Сомалија-564, Бангладеж-332, Конго-305, Нигерија-165, Камерун-154 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив десет за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил до вчера евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои девет мажи (од кои еден барател на азил е повреден), две барателки на азил се жени (од кои една барателка на азил е хоспитализирана поради бременост), тројца баратели на азил се малолетни лица и еден барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

До вчера до 17 часот мобилните екипи на Црвениот крст укажаа прва помош на 205 лица, од кои 114 на Табановце и 91 на Гевгелија, меѓу кои и на 11 трудници.

Дистрибуирани се 1.854 шишиња вода, 43 пакети со храна, 27 индивидуални хигиенски пакети, шест ќебиња и 28 пакети за бебиња.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски