Нова тактика на адвокатот за блокада на „ТНТ“: На поротничките им истекол мандатот и немало превод на албански

Од:

Адвокатот на обвинетата Елизабета Најдовска, во предметот „ТНТ“, Мерџан Даути, кој побара превод на сите списи на албански јазик, утрово на албански јазик од судот побара советот да ги земе предвид неговите три барања, меѓу кои едно од нив се однесува за истекот на мандатот на две од поротничките кои наполниле 60 години, истото барање кое го изнесе и обвинетиот Илија Димовски во предметот „Талир“.

Мерџан Даути беше пријавен во Адвккатската комора за овој случај дека сака да го блокира судењето со барањата за превод. Тој во судот рече дека за возраста на поротничките кои според Законот за судови, не треба да бидат дел од судечкиот совет поради истек на мандатот, го известил и претсесателот на судот, Иван Џолев и Судскиот совет.

Адвокатот рече и дека и натаму бара да му бидат доставени сите списи на албански јазик: „Барам од судот формално-правна одлука за употребата на албанскиот јазик и записникот од претходното рочиште на албански јазик”.

Даути побара вештакот кој го ангажирало СЈО, Павле Гацов, да ги донесе сите документи со кои го изготвил вештачењето, бидејќи, како што рече, тоа било само негово мислење.

Судијата Огнен Ставрев не му ги прифати барањата и рече дека тоа се апсолвирани прашања, а обвинителот Бурим Рустеми, кажа дека обвинетите во секое време имале можност да извршат увид во вештачењето и да назначат технички советник и да нарачат нивно вештачење.

„За работа сум тука. Ова е преседан. Јас многу добро знам дека кога завршува истражната постапка, одбраната има можност за увид. Додека имаме тука сведок лице и вештак, неопходно е да се задолжи сведокот да ги достави сите мислења и документи. Овој вешт наод е празен. Ова е само мислење…“, говореше потоа Даути на македонски јазик.

Адвокатот Даути го замени Димитар Дангов, откако го откажа полномоштвото.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева. Предметот е во доказна постапка и преостанаа уште двајца сведоци и сослушување на обвинетите.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска