Нова скулптура на Мајка Тереза во галеријата на нејзината Спомен Куќа

Од:

По повод историската посета на папата Францискo, во чест на Скопската бискупија при Римокатоличката црква, македонскиот скулптор и професор, Жарко Башески, ја збогати галеријата на споменот домот на добитничката на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет, Мајка Тереза, со нејзина скулптура изработена во реалистичен манир, карактеристичен за Башески.

„Скулптурата која ја оживеа професорот Жарко Башески „Света Мајка Тереза“ поседува бесценета вредност за нас кои работиме, константно ја градиме и пренесуваме приказната за Мајка Тереза. Реакциите кои што ги посведочивме од самите посетители и убавите зборови, се од големо значење, како и восхитот и воодушевувањето од реалноста и деталноста на скулптурата. Ова уметничко дело е од огромна важност за нас и сериозно ја зголемува привлечноста на понудата на Спомен Куќата на Мајка Тереза за идните домашни, но и странски посетители“, вели Ариан Асланај, директор на НУ Спомен Куќа на Мајка Тереза.

За Башески се својствени изработките во реалистичен и хиппералистичен манир, а еден од главните материјали користени и за ова дело е силиконот, кој во комбинација со полимер исклучително придонесува за реалниот впечаток на оваа скулптура, која отсега ќе биде дел од галеријата на Меморијалниот центар.

Жарко Башески е македонски скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и дел од Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Се вбројува меѓу најдобрите светски хиперреалисти, а покрај самостојните домашни изложби, неговите дела се дел од реномирани интернационални изложби во Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Пожар во бараката на Управата на Клиничкиот центар во Скопје

Индија забрани организацијата Мајка Тереза да се ​​финансира од странство

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

А1он

Почнува културната манифестација „Светлото на Гонџе“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 21. „Денови на Св. Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Џафери: Мајка Тереза е симболот на бескрајната хуманост, на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните и сиромашните

Ана Ололовска