Нова рунда разговори за името во Њујорк

Од:

Во Њујорк денеска се одржува новата рунда разговори свикани од посредникот во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Средбата се очекува да започне околу 15 часот по македонско време, во седиштето на Обединетите нации, по што ќе следи и изјава за медиумите. Согласно воспоставениот формат на средбите, Нимиц вчера имаше одделни средби со учесниците во разговорите.

Нимиц ги интензивираше разговорите во Њујорк во пресрет на самитот на НАТО во Британија кој е предвиден за септември, и покрај одржувањето на избори во двете земји.

Тој свика средба во Њујорк на 26. март, пред македонските претседателски и парламентарни избори, а денешната рунда доаѓа пред грчките избори за Европскиот Парламент и локалните избори кои се одржуваат на 25. мај.

По последната рунда разговори Нимиц изјави дека не бил постигнат напредок, но била постигната согласност за поинтензивни разговори. Се очекува по грчките избори, Нимиц да ги посети и двете земји.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска