Нова распределба на квоти за лековите за да им бидат подостапни на граѓаните

Од:

Почнува нова распределба на квотите за лекови во аптеките со кои Фондот за здравствено осигурување има склучено договор, а треба да овозможи осигурениците да имаат подобра достапност до лекови во текот на целиот месец во аптеките во близина на нивното место на живеење. Предвидени се и дополнителни најмалку 120 милиони денари за лекови на товар на Фондот.

Согласно новата распределба, околу 500 аптеки ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за околу 20 илјади денари месечно по аптека. Предвиден е минимален износ по глава на жител, односно осигуреник, по подрачна единица на Фондот, секаде во земјата. Целта е на ваков начин во наредните две-три години да се изедначат буџетите по подрачна единица по глава на жител кои во некои случаи досега покажувале значителни разлики. За аптеките се утврдува максимален износ на квота од 650 илјади денари.

Исто така, едно правно лице со две или повеќе аптеки нема да може да има квота поголема од 10 проценти од вкупнипот буџет на Фондот наменет за лекови. Со тоа се намалува можноста за стекнување и одржување на доминантна позиција на пазарот и се воведуваат порамноправни правила на игра и за средните и помалите аптеки.

Од ФЗОМ најавуваат порамнување на квотите двапати годишно во јули и декември за да се види колку се искористуваат и дали малите аптеки набавуваат лекови во вредност на квотите кои им се доделени.

Би можело да ве интересира

Меџити: Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа многу брзо

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

А1он

Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

А1он

Прераспределба на Буџет: За повисоки плати на функционери 11,7 милиони евра, а за книги и лекови само 2,8 милиони

Орце Костов

Сестрата која во февруари по вторпат беше фатена како краде лекови на Онкологија, добила отказ во мај

Орце Костов