Нова постапка против 1 ТВ откако мајката на Боки 13 доби државна функција

Од:

Агенцијатa за медиуми ќе покренува постапка против 1 ТВ откако беше обелоденето дека мајката на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, добила државна функција како член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации. Јасминка Јовановска на оваа позиција беше назначена во петокот, со гласање на седница на Собранието. Медиумите пренесоа дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

Според член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не можат да вршат радиодифузна дејност ниту да бидат основачи, соосновачи или да се здобиваат со учество во сопственоста на радиодифузерите“.

Во случајов, сопственик на 1ТВ телевизија, според податоците од Централниот регистар, е фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ. Сопственици на БМЈ Медиа Груп се Јасна Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Во случајов, или Јовановски како сопруг на Јасминка Јовановска треба да се откаже од сопствеништвото во телевизијата или пак таа да се откаже од јавната функција.

Вакви случаи веќе беа познати во јавноста, со Сител и со Канал 5 телевизија, кога Горан Ивановски (син на Љубисав Иванов Ѕинго) и Емил Стојменов (чиј татко Борис Стојменов беше носител на јавна функција) мораа да го сменат сопствеништвото во телевизиите.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и претходно поведе постапка против 1 ТВ, бидејќи Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, на јавните настапи се претставува како сопственик на телевизијата иако формално-правно не е, но оваа постапка не беше изгласана од страна на Советот.

Постапката против 1 ТВ ќе се отвори на седница на Советот на Агенцијата за медиуми во петок.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русковска: Јанева влезе во мрежата на самопрогласениот естраден уметник

Васко Маглешов

Боки 13, по викендот, се враќа во Шуто Оризари, во вторник почнува судењето за „Рекет“

Васко Маглешов

Правобранителот ќе ѝ ги бара 157-те илјади евра на Јанева ако Обвинителството отвори истрага

Васко Маглешов

Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор, најави Русковска

Васко Маглешов

Катица Јанева не ставила потпис на готова истрага за „Скопје 2014“

Васко Маглешов

Катица Јанева бара апанажа

Васко Маглешов