Нова група американски волонтери пристанува во Македонија

Од:

Нова група од 55 американски граѓани во Македонија кои ќе работат како волонтери во Мировниот корпус ќе пристигне во недела. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во Македонија.

Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировен корпус во Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените.

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 23-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември.

Досега над 750 американски државјани волонтирале во Македонија од 1996 година.

Би можело да ве интересира

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Техеран со остра порака до Вашингтон: Стоп за заканите со сила

Горан Наумовски

CBS: Американската војска е подготвена да го нападне Иран во сабота, Трамп сè уште не донел одлука

Иран подготвува гробишта за 5.000 американски војници во Техеран

А1он

ВИДЕО: Во последните 24 часа, Американците испратија повеќе од 50 борбени авиони на Блискиот Исток

Иран е подготвен привремено да ја прекине нуклеарната програма