Нова донација за Ургентниот центар при Универзитетска Клиника за детски болести

Од:

Новата медицинска опрема, што како донација ја обезбеди Ротари клубот Скопје за Ургентниот центар при Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје од денеска е ставена во употреба.

Донацијата содржи четири монитори за воспоставување брза и точна дијагноза на пациентите, систем за ултразвук, две пумпи за инфузија и околу 250 парчиња придружна и потрошна медицинска опрема, со вкупна вредност од 32.000 долари. Станува збор за проект со кој значително ќе се помогне во доопремувањето на новиот Ургентен центар и со што ќе се придонесе за подобрување на итната медицинска помош на децата од цела Македонија и пошироко.

Како што се наведува во соопштението, ова претставува партнерски проект меѓу четири ротари клуба од четири земји и 2 така наречени дистрикта, а идејата ја покренаа невладината организација Линк Акрос и стручниот тим на Клиниката за детски болести предводен од директорката Аспазија Софијанова.

Иницијативата за доопремување на новиот детски ургентен центар, со неопходна медицинска опрема ја покрена претседателот на невладината организација Линк Акрос, Рид Кенеди, инаку ротаријанец. Оваа организација има за цел поврзување на балканските земји преку развојни проекти од областа на здравствената заштита, економски развој и поддршка на општините, со својот претставник во Македонија, Клеј Батемур, заедно со директорката Аспазија Софијанова минатата година стапија во контакт со Ротари клубот Скопје.

На Ротари клубот Скопје, со своја финансиска поддршка му се приклучија Ротари клубот Оклахома, Ротари клуб Будимпешта сити и Ротари клубот Белград Скадарлија. Оваа ротаријанска група потпиша меморандум за соработка и со заедничка апликација ги дообезбеди финансиските средства преку Фондот на Ротари Интернешнал, кој преку својот глобален фонд поддржува проекти од ваков тип. За една година проектот стана реалност.

Ротари клубот Скопје е единствениот клуб од Македонија кој е квалификуван да аплицира за средства од Ротари фондацијата и заедно со Ротари клубот Охрид веќе се подготвува за реализација на сличен проект за поддршка на детските одделенија при Општата Болница во Охрид.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем