Нова апаратура во кумановската болница во вредност од 4 милиони денари

Од:

Општа болница Куманово набави нови апарти во вредност од четири милиони денари, изјави денеска директорот на кумановската болница Ариф Латифи.
 
Латифи информираше дека набавени се коронарен стрес тест, холтер за мерење  крвен притисок и следење на срцев ритам, спирометар, пет екг-апарати, ехо на синуси. 
 
Дел од средствата, информира тој, обезбедени се од установата, а дел од Министерството за здравство.
 
Општата болница во Куманово денеска ја посетија и државниот секретар во ресорното министертво, Насуф Ипчја и министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.
 
Директорот Латифи најави дека наскоро ќе се премести и амбулантата за дијабетес од сегашните во нови простории и оти дополнително ќе се ангажираат двајца лекари специјалисти и нова апарати, со што дополнително ќе се подобрат услугите кон пациентите.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски