Нови четири земјотреси со јачина од 3,4 до 4,1 степени почувствувани во охридско

Од:

Нови четири земјотреси со јачина од 3,4 до 4 степени се почувствувани вечерва во охридско.

Со овие четири се вкупно 14 земјотреси денеска по големиот земјотрес со јачина од 5 степени, кој што се случи во 13 часот и 18 минути.

Првиот земјотрес со јачина од 4 степени бил со епицентар на 11 километри северо-источно од Охрид, на длабочина од 2 километри во 20 часот и 3 минути, според првичните информации, додека вториот со јачина од 3,4 степени бил на 11 северо-источно од Охрид, на длабочина од 2 километри во 20 часот и 24 минути.

Третиот земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 20 часот и 28 минути, со епицентар на 6 километри северно од Ресен, исто така на длабочина од 2 килоемтри. Последниот земјотрес со јачина од 4,1 степен, е регистриран во 20 часот и 30 минути со епицентар на 6 километри источно од Охрид, исто на длабочина од 2 километри.

Би можело да ве интересира

Серија силни земјотреси

Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Косово

Катерина Ѓуровски

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Земјотрес во околината на Кичево

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Камчатка: Нема жртви, има само материјална штета

Горан Наумовски