Нов случај на оштетување возило во Грција

Од:

Граничната полиција евидентирала оштетување возило на македонски државјанин кој летувал во Грција, што е 11-ти случај на оштетување возила со македонски ознаки во таа држава во оваа туристичка сезона, покрај регистрираните три случаи на кражба на регистарски таблички.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера на Граничниот премин „Богородица“ К.М. од Штип пријавил дека на 6 септември во туристичкото место Калитеа му бил oштетен задниот браник на возило марка „пежо 206“.

Му била одлепена налепницата МК и на 5-6 места со остар предмет му било продупчено возилото со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ