Граничната полиција евидентирала оштетување возило на македонски државјанин кој летувал во Грција, што е 11-ти случај на оштетување возила со македонски ознаки во таа држава во оваа туристичка сезона, покрај регистрираните три случаи на кражба на регистарски таблички.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера на Граничниот премин „Богородица“ К.М. од Штип пријавил дека на 6 септември во туристичкото место Калитеа му бил oштетен задниот браник на возило марка „пежо 206“.
Му била одлепена налепницата МК и на 5-6 места со остар предмет му било продупчено возилото со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција.