Нов кружен тек во Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски официјално го пуштија во употреба новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец.

Ова ново сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот од Автокоманда кон Железара, а просторот доби целосно нов и уреден лик, истакнуваат од Град Скопје.

– На местото на постојната крстосница меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри. Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриена со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри – кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски ја искористи можноста да им се заблагодари на граѓаните за нивното трпение и разбирање поради настанатите застои и проблемите во сообраќајот додека се извршуваа градежните работи.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Трајковски кажа дека изградбата на овој кружен тек е исполнување на ветувањето дадено на граѓаните пред неколку години, кои реализацијата на овој проект ja имаат посочено како едно од нивните приоритетни барања. Според Трајковски со изградбата на овој кружен тек ќе се зголеми проточноста и безбедноста во сообраќајот за повеќе од 7.000 жители кои гравитираат во овој дел од Скопје.

На кружениот тек е поставено и ново улично осветлување, со 35 столба со висина од 8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати.

Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, а уредувањето на зелените површини го извршија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Нов кружен тек во Скопје

Од:

Денеска започнуваат градежните работи на кружниот тек меѓу скопските населби Чаир и Бутел на раскрсницата меѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада.

Изведбата е дел од проектот на Град Скопје. Ова е петиот кружен тек што се гради во главниот град во последните три години.

На почетокот на градежните работи на кружниот тек, ќе присуствува градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак