Нов контингент чешки полицајци на границата на Македонија

Од:

Нов контингент од 55 припадници на чешката полција ќе бидат распоредени во Македонија и Србија во рамки на мисијата за помош во обезбедување на границата поврзана со мигрантската криза, соопшти Чешката новинска агенција – ЦТК.

Раководителот на Чешката полиција Томаш Тухи, вчера по повод испраќањето на контингентот, истакна дека полицајците кои се враќаат од оваа мисија се стекнуваат со искуство кое е значајно за Чешката Република за справување со современите безбедносни закани.

– По влошувањето на безбедносната криза во Европа како последица на илегалната миграција и терористичките напади што се случија во некои земји на ЕУ, потребно е Чешката полиција да биде подготвена за новите форми на закани, рече  Тухи.

Амбасадорите на Македонија и на Србија во Прага Паскал Стојчески и Вера Мавриќ изразија благодарност на Чешката полиција за нивната поддршка.

Вообичаено, чешките полицајци им помагаат на нивните колеги во мониторингот на границата, преку спроведување безбедносни проверки и претражување возила.

Овие странски мисии чешката полиција ги започна минатата година кога се случи големиот бран мигранти. Во досега спроведените 12 мисии учествувале над 400 припадници на полицијата кои биле распоредени во Македонија, Грција, Унгарија и Словенија, земји кои се наоѓаат долж балканската мигрантска рута.

Пет тима нa чешки полицајци се веќе распоредени во Македонија, а по прв пат еден тим ќе биде испратен и ќе оперира во Србија.

Би можело да ве интересира

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ