Нов граничен премин со Албанија кај Требиште

Од:

Албанската Влада на денешната седница донела одлука да отвори нов граничен премин меѓу Република Албанија и Република Македонија.

Како што соопшти македонското друштво „Илинден“ од Тирана, усвоена е одлука за отворање на заеднички граничен премин во Требиште – Голо Брдо во областа Булќиза на границата со Република Македонија.

– Отворањето на заеднички гранични премин го олеснува слободното движење на граѓаните од двете страни на границата и придонесува за зајакнување на контролата над граѓаните и возилата што ја преминуваат границата, оценува друштвото „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он