Нов дизајн и мобилна апликација на системот за е-набавки

Од:

Електронскиот систем за јавни набавки има нов дизајн на главната страница од апликацијата приспособена за приказ на десктоп, таблет и мобилни уреди, информира Бирото за јавни набавки.

Целта на новиот дизајн, како што наведуваат од Бирото за јавни набавки, е на прегледен начин да се презентираат информациите и да се оптимизира Електронскиот систем за јавни набавки за мобилни корисници кои секојдневно ги користат предностите на паметните телефони и таблети. Со мобилната верзија на системот, корисниците ќе можат да учествуваат на е-аукции директно од своите телефони и таблети од сите брендови.

Новиот дизајн е уникатен, близок до корисникот и овозможува поедноставно користење на системот, поголема прегледност и лесна навигација. Корисникот има целосна контрола над сите функционалности кои се подобрени со цел да се овозможи безусловно завршување на секоја корисничка акција.

Корисничкиот интерфејс е надграден со дополнителни визуелни елементи што овозможуваат брз и директен пристап до најчесто користените акции што ги преземаат корисниците. Комбинацијата на бои овозможува визуелна прегледност и дистинкција на елементите со што целиот дизајн добива една подинамична природа.

Со напредокот на технологијата Електронскиот систем за јавни набавки како модерен и современ електронски систем постојано се надградува и унапредува со цел да се олесни пристапот на корисниците на системот и да се овозможи поефикасно спроведување на постапките за доделување на договор за јавни набавки, информира Бирото за јавни набавки.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда