Носителот на листата на ДУИ во ИЕ 4 Јакупи во посета на Кавадарци

Од:

Неџати Јакупи од ДУИ, како носител на листа на кандидати за пратеници од оваа партија во Четвртата изборна единица, денеска во Кавадарци ја презентираше програмата на партијата.

– Во три наврати ДУИ е дел од извршната власт и досега спроведувала проекти од економскиот развој на државата и мерки за излегување од глобалната криза. Сме учествувале во проекти околу даночната политика, создавање на поволна клима за привлекување на инвестиции, а бенефитите од тоа ги има почувствувано и Тиквешијата и поширокиот регион, рече Јакупи.

Потсети дека во овој крај и пошироко се отворени неколку фабрики во кои се вработени неколку илјади луѓе.

– Тука е и поддршката кон земјоделците воопшто, кон лозарите и сточарите. Имаме контакти и понатаму ќе ја зајакнуваме трговската размена со Косово и Албанија. Ќе работиме исто така на носење на нови инвестиции. Но, ќе работиме и на тоа да се зацврстува соживотот во Република Македонија и да се зачува културното наследство. Македонскиот рамковен договор веќе го земаат како пример други земји, рече Јакупи.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански