Норвешкиот министер за надворешни работи Бренде во официјална посета на Скопје

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров утре ќе му биде домаќин на норвешкиот колега Борге Бренде, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, се очекува за време на средбата да бидат разменети мислења за натамошниот развој на билатералните односи и соработка меѓу двете пријателски земји, за поддршката и помошта од Кралството Норвешка за што поскоро зачленување на Република Македонија во НАТО и Европската унија, за регионалната соработка, како и други актуелни прашања од меѓународен план.

Во рамки на официјалната посета, норвешкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а ќе има и средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Норвежаните организираа невидена прослава на улиците на Осло: 100.000 навивачи веслаа заедно со фудбалерите

Норвешка: 28 лица уапсени за сексуална злоупотреба на деца

А1он

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски

Синот на норвешката принцеза e осуден за силување

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка