Норвешки конзорциум достави понуда за ТИРЗ Тетово

Од:

Новоформираната компанија Нормак инвестмент груп позади која стои конзорциум од вкупно пет компании од Норвешка, три од кои се приватни и две државни, денеска до 12 часот во просториите на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони достави една понуда за менаџирање на слободната економска зона во Тетово.

Ова денеска го изјави министерот за економија Ваљон Сарачини, кој рече дека од првичните информации кои ги имаат од Комисијата за спроведување на постапката, може да се заклучи дека се работи за валидна понуда која е во согласност со тендерската документација и Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Согласно Законот за спречување на корупција, истакна Сарачини, од страна на Комисијата потребно е да се побара дополнително мислење од Државната комисија за спречување на корупција поради тоа што согласно Законот постојат одредени ограничувања по однос на донесување на одлуката која во овој случај ќе биде само формалност поради одлуката од минатата недела за распишување локални избори, посочи Сарачини.

– За мене како министер за економија е многу битно што денеска конечно се заокружува еден битен и долг процес проследен со доста работа и активности, а конечниот исход е доставената понуда од страна на норвешкиот конзорциум. Динамиката на развој, динамијата за реализација на зоната, финансиската конструкција која е опфатена и елаборирана во бизнис планот кој пак е дел од тендерската документација ќе биде презентирана и елаборирана од страна самиот инвеститор во наредните денови, рече Сарачини.

Нагласи дека навистина е битно овој процес да се заврши успешно поради тоа што ќе придонесе за развој на полошкиот регион, за нови инвестиции, влез на свеж капитал, нови технологии, најбитното е отворање нови работни места и развој на економијата во државата.

– Ова уште еднаш ги покажува мерките и политиките на Владата за привлекување на странски иневстиции и тоа во услови на криза ние успеавме да добиеме валидна понуда од страна на еминентни компании, додаде министерот Сарачини.

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Горан Наумовски