Норвешка ни донираше 20 респиратори

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, ги предаде во употреба респираторите кои како донација ги обезбеди Кралството Норвешка.

“Уште една успешно реализирана донација – странска помош која е директно наменета за зајакнување на капацитетите при справувањето со КОВИД-19. Се работи за 20 респираторни машини – донација од Кралството Норвешка, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а се по потекло од Турција” – истакна Османи, притоа изразувајќи благодарност до Владата и до граѓаните на Кралството Норвешка, за нивната несебичност и искрена солидарност која ја покажуваат во време на криза што преставува и еден вид континуитет на долгорочната поддршка и одличните билатерални односи, како и благодарност до Агенцијата УНОПС која обезбеди непречена реализација на оваа помош.

“Без разлика на првичниот успех да се канализира пандемијата, свесни сме дека податоците од последните денови покажуваат нов раст, еден вид нов пик на епидемијата, што само го потврдува фактот дека вирусот ниту е победен, ниту е безопасен. Токму затоа, покрај пораките за внимателно и дисциплинирано применување на мерките, одржувањето дистанца и носењето на заштитна опрема, маски, хигиена – ние мора да продолжиме да работиме и на зајакнување на капацитетот на здравствениот систем не само за да се справи со сегашниот предизвик, туку и за да може да издржи евентуално нов бран кој се предвидува дека може да се случи на есен”- додаде Османи, при што потенцираше дека оваа опрема дури и целосно да мине заканата од КОВИД-19, во значаен дел ќе го подобри и здравствениот систем, потенцијалот на здравството во земјава за справување со тековните предизвици, операции, зафати, потреби за посебна нега.

Десет од донираните 20 респиратори ќе бидат ставени на располагање на ГОБ “8 Септември”, а останатите 10 ќе бидат распределени по здравствените установи во земјава, како што се Клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, каде ќе се испратат по две респираторни машини и по еден апарат во Општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и Струмица.

Би можело да ве интересира

Османи со „Граѓанско око“ ќе се бори против корупцијата во Чаир

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он