Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Од:

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика информираа од АД ЕСМ.

„Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет” вели директорот на ЕСМ Васко овачевски.

Од компанијата информираат дека покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинале со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот. Продолжил континуиран ископ на јаглен и јаловина.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

ЕСМ: Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола, подготвен за работа е и Блок 1

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Горан Наумовски

Николоски: Дали е случајно што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: За да крадат на ископ СДС и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017