Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

Од:

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Од СВР Битола информираа дека пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.

Во соопштението на СВР Битола се нагласува дека пријавениот извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.

Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра е поднесена до Основното јавно обвинителство Битола.

Би можело да ве интересира

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Полицијата поднесе кривична против екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, осомничен е за проневера во службата

Горан Наумовски

Дефект на третиот блок на РЕК Битола

Затворена мензата во РЕК Битола: ако се потврди труење Синдикатот ќе бара одговорност

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош