Њомза Шаќири: Претседателот не доаѓа ниту на седниците кои самата ги свикува

Од:

Советниците кои во Советот на Општина Гостивар не претставуваат мнозинство, организираа денеска во Прес центарот на Општината конференција за печат, при што на новинарите, во името на советничките групи на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП, ТМБХ, им се обрати општинската советничка Њомза Шаќири.

Во продолжение ви го претставуваме интегрално нејзиното обраќање:

„Ја организираме оваа прес-конференција за да ja запознаеме јавноста со следново:

Согласно свикувањето од страна на Претседателот, на седница на Советот на Општина Гостивар за 2017/12/27 (значи денес) со почеток во 10:00 часот, а иницирана од градоначалникот Арбен Таравари, советниците од редовите на партиите на Алијансата за Албанците, Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, ТДП и ТМБХ, со оглед на важноста на точката на дневниот ред за оваа седница, како што можете да забележите се одѕваа на повикот.

Иако самиот ја свика седницата, претседателот на советот г.Насир Муслиу не ја почитува истата, како и другите советници од редовите на ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и Демократскиот Сојуз на Ромите.

Поради фактот што немаме кворум за донесување на правосилни одлуки, денешната седница не може да се одржи.

Вреди да се спомне дека претходно имаше договор меѓу градоначалникот и претседателот на Советот, на оваа седница барем да се расправа по предлог-буџетот на Општина Гостивар и советниците ги добиле потребните материјали за седницата, неспроведувањето на овој договор ќе се одрази со голем број бариери во функционирањето на Општина Гостивар, меѓу другото, со неизвршување на инвестиции, немање нови вработувања итн.

Општина Гостивар е единствена општина каде што победи слободната волја на граѓаните, така што гласачите не го заслужуваат ова занемарување и понижување што им ги прават одредени структури”.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски