А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Низ Македонија транзитирале 203.940 мигранти, најбројни државјаните од Сирија

by А1он02/11/2015 - 11:55104
Share0

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.702 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 667 се од женски, 661 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 455деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 2.313, од Авганистан 961, Ирак 177, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 01.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 203.940 странски државјани, од кои, 124.488 се од машки пол, 29.688 се од женски, 39.976 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.788 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 132.219, потоа Авганистан 41.195, Ирак 15.671, Пакистан 4.327, Иран 3.534, од Палестина 1.739, Сомалија 1.044, Бангладеш 938, Конго 498, Нигерија 258, Камерун 225, Еритреја 212, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.11.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

migranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео