Низ Македонија минале 143.279 мигранти, од нив 5.642 деца без родители

Од:

Од 19-ти јуни годинава до денеска издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на 143.279 странски државјани, од кои, 92.835 се од машки пол, 19.438 се од женски, 25.364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 5.642 се деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што информираат од МВР, најбројни се државјаните на Сирија 99.903, на Авганистан 22.766, на Ирак 10.186, на Пакистан 3.547, на Палестина 1.447, на Иран 1.410, на Сомалија 794, на Бангладеж 784, на Конго 431, на Нигерија 240, на Камерун 207, на Еритреја 200, на Етиопија 149, на Судан 125, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261  се од машки пол, 395  се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.399, на Авганистан 479, на Ирак 283, додека другите се во помал број.

Од МВР информираат дека изминативе 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил (малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице  со придружба на старател и двајца  мажи)  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море