Низ Македонија минале 127.553 мигранти, 2.569 само вчера

Од:

Нови 2.569 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил во текот на вчерашнит ден и ноќеска. Во периодот од 19 јуни оваа година до денеска во 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани.

Границата кај Гевгелија ја минале 1.512 лица од машки пол, 369 женски, 553 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 135 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што соопшти МВР, најбројни се државјаните на Сирија-1.463,Авганистан –707, Ирак-234, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до денеска во 8:00 часот, издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, од кои, 83.924 од машки пол, 16.921 од женски, 22.102се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-91.654, потоа Авганистан-18.462, Ирак-8.311, Пакистан-3.213 Палестина-1.273, Иран-1.006,Сомалија-746, Бангладеж-740, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-202,  Еритреја-172,  Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 8:00 часот вчера до денеска изутрина до Одделението  за азил поднесени се 18 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 14 барања се од државјани на Сирија, од нив пет за деца, и  по две барања од државјани од Либан, Палестина, (три од барањата се за деца).

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 68 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во текот на последните 24 часа на Универзитетска  Клиника за гинекологија и акушерство Скопје породени се со нормално породување две мигрантки од Сирија и Авганистан:

Во континуитет се спроведуваат и превземаат општите превентивни мерки за дезинфекција и дезинсекција, при што извршена е комплетна дезинсекција на Транзитниот центар Гевгелија, како и комплетна дезинфекција на Транзитниот центар  Гевгелија и Пунктот за помош во Табановце и дезинфекција на превозот од железничкиот сообраќај.

Во дисперзираната амбуланта во Транзитниот центар  Гевгелија пружена е здравстевна заштита на 15 мигранти и еден транспорт до Општата болница во Гевгелија.

Мобилните тимови на  Црвениот крст, во периодот од 21.00 часот на 7 октомври до 21:00 часот на ГП Табановце укажале прва помош на 161 лицe, транспортирале едно лица до Кумановската болница, донирале 444 шишиња вода,16 кутии бисквити, 37 пакувања двопек и друго.

Во Гевгелија е укажана прва помош на 1067 лица и донирана храна.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто