Водостојот на реките во некои делови од Македонија бележи зголемување, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Зголемен водостој над ноемврискиот просек е регистриран на реката Вардар кај Јегуновце и кај Велес.
Зголемување на водостојот е забележано и кај реката Брегалница кај Берово.
Намалување на нивото има на реките Треска кај Македонски Брод, и на Црни Дрим кај Ложани.
Нивото на езерата е во рамки на ноемврискиот просек.