Нивото на реките Вардар кај Демир Капија, Брегалница кај Берово, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун е над просекот за октомври, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според денешните хидролошки мерења на УХМР, намалувања на нивото на водата има на реката Вардар кај Велес, Крива река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.
Кај природните езера е евидентирано мало зголемување на водостојот над договорената квота. Измерената температура на водата на Охридското Езеро е 17,5 степен, на Преспанското Езеро е 19,5 степени, а на Дојранското Езеро 21 степен.