Нивото на Охридското Езеро и натаму под просекот, продолжува неповолната хидролошката состојба

Од:

Нивото на Охридското Езеро денеска е на котата 693,13 метри, што е само три сантиметри над дозволениот минумум утврден на 693,10 метри надморска височина.

Причина за нискиот водостој е исклучително неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи за овој период од годината.

Временската прогноза укажува дека следува период на стабилно време без врнежи што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Причина за лошата состојба со кванитетот вода во Охридското Езеро секако е и катастрофалната состојба со водостојот на Преспанското Езеро кој денеска е дури 42 сантиметри под апсолутниот минумум.

Месеци наназад целосно се пресушени локалитетите „завир“ и „врагодупка“ што се наоѓаат во албанскиот дел од акваторијата на езерото, за кои се смета дека се местата од каде водата од Преспанското Езеро понира и под Галичица доаѓа во Охридското Езеро.

Кога станува збор за Преспанското Езеро, речиси сите реки од езерскиот слив се целосно пресушени или со миминален дотек што уште ја влошува и онака неповолната хидролошка состојба.

Експертите укажуваат дека придонес кон таквата состојба има и антропогениот фактор односно човекот, преку неконтролирана експлоатација на водата на сите страни од Преспанското Езеро. Според нив, дел од водата од езерото директно се исцрпува за наводнување на околните обработливи површини, но и преку артеските бунари што собираат вода од езерото, а кои само на македонска страна ги има повеќе од илјада.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски