Ниту еден суд во Македонија нема ознаки со Браилово писмо

Од:

Пет од десет судови во Македонија немаат лифтови кои би можеле да ги користат лицата со попреченост, а додека пак во три од судовите лифтовите не се функционални за користење, покажа истражувањето на Коалицијата „Сите за правично судење“.

Првичните резултати од истражувањето на граѓанската организација покажаа дека сите лица со попреченост се соочуваат со потешкотии во поглед на пристапноста до суд и до правда, со што им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите во согласност со законите и меѓународните прописи.

Податоците се добиени од 16 набљудувачи кои моментално спроведуваат мониторинг на граѓански судски постапки од аспект на правниот, финансискиот и физичкиот пристап до правда во 10 oсновни судови.

Сите десет судови кои биле предмет на ова истражување се наоѓаат во објекти во кои можат да пристапат лица кои се движат со помош на количка. Пет од судовите (Струга, Охрид, Скопје 2, Прилеп и Струмица) се сместени во објекти каде нема потреба од пристапни рампи (влезот во истите е на едно ниво), додека останатите пет судови (Велес, Битола, Гостивар, Тетово и Штип) имаат изградено пристапни рампи за влез во објектите.

Иако зградите на судовите се пристапни од надвор, 3 од судовите, (ОС Скопје 2, ОС Струга и ОС Струмица) немаат судници на приземјето, додека во два (2) од судовите, (ОС Гостивар и ОС Охрид) на приземјето има само една судница која се користи само за конкретна намена- судења за прекршоци.

Само судовите во Струга и Битола имаат лифтови за пристап до катовите на објектот, додека три од судовите, (ОС Скопје 2, ОС Гостивар и ОС Охрид) иако имаат лифтови, тие не се функционални.

Ниту еден од судовите нема ознаки на Браилово писмо, ниту пак тактилни ленти за слободно и самостојно движење и навигација на лица со оштетен вид низ судовите. Поради тоа иако објектите на судовите се пристапни од надвор, речиси половината од судовите предмет на ова истражување немаат соодветен пристап до своите простории и услуги за лица кои се движат со помош на инвалидска количка, ниту пак имаат соодветни услови за движење низ самите објекти.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Судијата Авдија кој беше снимен со љубовницата во просториите на Граѓанскиот суд единствен кандидат за претседател на судот

Александар Тодески

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов