Ништо од планот за чист воздух, активистите бараат оставки

Од:

Само два месеца пред грејната сезона не е реализирано ништо од владиниот план за справување со аерозагадувањето, тврдат револтирани активисти од „О2“.

Според нив, со планот за чист воздух на Владата до крајот на идната година двојно ќе се намалеше аерозагадувањето во Скопје, а во другите градови од 30 до 50 отсто, но ништо од предвидените мерки не е реализирано.

„Од планот речиси ништо не е реализирано, не е објавена јавна набавка за ниту една од предвидените намени и средства. Недозволива е ваква несериозност во справување со огромното аерозагадување и неспроведување на плановите за негово намалување. Покажувањето дека намалувањето на аерозагадувањето како стратешки приоритет на Владата е проформа, каде што и предвидените мали средства не се реализираат“, реагираат од „О2“.

Од таму сметаат дека некој треба итно да преземе одговорност за ова најгорливо еколошко прашање, кое е причина за смрт на 3.000 граѓани годишно.

„Да сме функционална држава, оставка ќе си поднесеа сите од оваа Влада, кои ветуваа предизборно чист воздух и кои се одговорни за неспроведување и нереализација на планот и програмата за 2019 година“, велат тие.
За учество во реализацијата на најавените мерки од програмата, наречена план за чист воздух, досега се пријавиле 19 општини од земјава, информираат од Владата.

По осум месеци кога беше објавена како еден од стратешките приоритети на Владата, програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година за спроведување мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5-честичките треба да се реализира со замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти.

Според информациите од Владата, на објавените повици аплицирале општините во државава кои имаат потреба од зголемување на енергетската ефикасност на општествени објекти, установи, училишта, болници, во вид на реконструкција на покриви, изолација за надворешни и внатрешни ѕидови, како и замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати, како и потреба од подигнување зелени урбани површини, како, на пример, уредување тревна површина, плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови во градинките, основните и средните училишта.

За реализација на програмата предвидени се 64.000.000 денари, при што средствата во општините се распределени од најмногу 6.860.000 денари до најмалку 312.000 од општина. Критериумите за избор на општини што ќе ги добијат средствата се поделени на оние во кои има мониторинг на аерозагадувањето и оние каде што нема мерни станици.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов