Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот „Онкологија“, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои:

Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

Од судот за А1он појаснија дека „ Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело“ всушност значи оддалечување од работното место на Клиниката, како што оваа мерка беше формулирана во барањето на обвинителството, што значи дека осомничениот Др Васев не смее да оди на работа во Онкологија до заврршување на постапката или до измена на мерките.

На другиот осмоничен – Н.Н. му се определуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т.1,2 и 3 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.

 

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски