Нинџа: Во ВМРО беа и од кабинетот на Иванов, требаше да биде прогласена воена состојба

Од:

„Заменик началникот Никола Бошковски го побара директорот на УБК, Владимир Атанасовски велејќи му дека во Собранието е хаос, по што Атанасовски цинично му одговорил „комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“ и го извести дека во тој момент во штабот на 8 кат е шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски и дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба“, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот“ четврток.

„Седнавме во Жена парк каде го сретнав и поранешниот началник на Петта управа, Горан Грујевски. Ми кажа дека внатре има луѓе од УБК и дека има информации од военото разузнавање дека во секој момент може да се прогласи воена состојба. Додека седев со него, некој му јави од внатре и ми рече: „Ова не е на арно“, мислејќи на тоа дека полицијата почнала веќе да делува односно дека некој друг ја зел командата. Подоцна Грујевски доби информација дека нема да има воена состојба поради притисок од странски фактор.

Околу 23 часот Бошковски ми се јави да излезам кај Градска болница каде ќе ме собере некое лице. Се качив ов возилото и отидовме во една прикриена база на Петта управа во близина на државна болница, не можам да ја кажам која е. Внатре беше Никола Бошковски и тогашниот началник Сашо Марковски. Во неврзан разговор разбрав дека се одземени хард дисковите од мониторинг собата во Собранието од безбедносните камери“, рече Нинџа и додаде:

„Бошковски му се јави на Атанасовски што да прави со хард дисковите пи што добил одговор да се уништат. Сашо Марковски ги извади хард дисковите, истите ги стави на преса и почна да ги уништува. Откако беа искршени, зема ножици за лим и почна цедињата да ги сече на парчиња“.

Василевски вели дека базата ја напуштиле околу 12 часот.

„Со Бошковски се упативме кон Автокоманда да ме однесе дома, во меѓувреме застанавме во Керамидница кај мостот на Вардар.Бошковски се качи на мостот и остатоците од хард дисковите ги истури во Вардар. Бошковски ми кажа дека Марковски со хируршки ракавици ги извадил хард дисковите од Собрание, дека никој нема да биде обвинет и дека така работи „петка“, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на рочиштето за „крвавиот“ четврток.

Тој вели дека поранешниот началник на Петта управа, Горан Грујевски го советувал да не се предава, но по разговор со адвокатите одлучил сепак да се предаде на полицијата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија