Нинџа: ВМРО-ДПМНЕ ги постави за водачи Дурловски, Дамовски, Јовановски и Илиевски

Од:

На протестите беа поставени фиктивни водачи кои беа контролирани од ВМРО-ДПМНЕ. Водачи беа Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски. Почнаа протестите, моја задача беше да ги следам и да ја известувам службата, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот“ четврток.

„Со мене беа Никола Бошковски и Дејан Димковски Боксер. Додека траеја протестите бев известен дека се организираат патриотски здруженија по што Владимир Атанасовски иницираше средби на кои се сретнав со Игор Југ и Јане Ченто. Со Игор Југ се видовме во Куманово“, истакна Нинџа.

Целта на средбата, како што објасни, била да види дали неговото мислење е проруско или прозападно.

„На средбата се сликавме за истата да биде документирана. Протестите имаа потполна логистика од ВМРО ДПМНЕ, шалови, маици“, нагласи Нинџа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски