Нинџа: Точно е, на 27 ми се јави брат ми, но за да ме праша како е нашата мајка

Од:

На прашањето упатено од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ до обвинетиот Александар Василевски – Нинџа за тоа дали на 27 април 2017 примил повик од странство, обвинетиот Василевски изјави дека околу 14-15 часот му се јавил неговиот брат Благоја Василевски за да го праша за здравствената состојба на нивната мајка.

„Околу 14-15 часот ми се јави брат ми и ме праша како е мојата мајка која боледува од карцином. Мојот брат тогаш работеше како обезбедување на Никола Груевски и беше на работен состанок во Виена“, рече Василевски.

Братот на Александар Василевски – Нинџа, Благоја Василевски е повикан во судот како сведок на обвинетиот Нинџа. Сведочење за настаните од 27. покрај братот на Александар Василевски ќе дадат и Веле Петрушевски како и Дејан Димковски – Боксер кој неколку пати беше споменуван во постапката како дел од групата на Нинџа која ги изведувала задачите на УБК.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски