А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудио разговори и 20 фотографии

by А1он17/12/2018 - 11:3017/12/2018 - 11:35401
Share0

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот четврток“ предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат изнесени пред судот, но без присуство на јавноста. Како што рече тој „станува збор за 115 аудио снимки и 20 фотографии“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За поткрепа на мојот исказ даден пред овој судечки совет на моето предавање на 11. 06 2018 година, до обвинителството за организиран криминал доставив листа на докази од кои неколку УСБ уреди со 115 аудио снимки и 20 фотографии. Барам обвинителката Рускоска да ги предаде на судот истите да ги слушаме по можност со исклучување на јавноста, рече Василевски.

На ова обвинителката Ивана Трајчева рече дека засега не може да се произнесе за овие докази и дека не знае дали овие докази се во Обвинителството.

– Не можам да се произнесат за овие докази, не ја знам содржината на истите, но од она што кажа Василевски можам да заклучам дека станува збор за докази кои биле предложени во истражната постапка и доколку е така обвинетиот имал можност истите да ги предложени по давање на обвинителниот акт, рече Трајчева.

Следете a1on на Youtube YouTube

Судијката Добрила Кацарска изјави дека Советот дополнително ќе се произнесе за предлогот на Александар Василевски Нинџа односно дали доказите ќе бидат прифатени, а обвинителството да изврши проверка и доколку физички се таму со писмен поднесок веднаш да бидат доставени до судот.

Адвокатката на Нинџа, Елеонора Јанковиќ, по завршување на рочиштето изјави дека не знае точно за какви докази станува збор.

Денешната расправа се одложи за 20 декември поради декласификација на доказите за Митко Чавков кои треба да бидат доставени од МВР.

Виктор Јованов

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто