Нинџа: Од ВМРО-ДПМНЕ имаше насока за упад и вршење насилство во ДИК

Од:

Александар Василевски-Нинџа, еден од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април, денеска на рочиштето рече дека ВМРО-ДПМНЕ давале насоки за упад во Државната изборна комисија по изборите во 2016 година.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ освои тесна победа на изборите, бевме во хотел „Русија“. Таму присуствуваа високи функционери на партијата, Владимир Атанасовски, Никола Бошковски, Кире Божиновски, Ивица Коневски, Спиро Ристовски. Таму наздравивме за победата на изборите, но потоа имаше приговори од СДСМ“, рече обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште за „крвавиот четврток“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги организирале протестите пред ДИК, а негова задача била да надгледува, а со него доаѓал и Никола Бошкоски кој е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО и кој е во бегство во Грција.

„Додека траеа седниците во ДИК, од страна на ВМРО ДПМНЕ имаше насока ако приговорите бидат во корист на опозицијата СДСМ, да се повика на насилен протест, имаше насока и да се влезе во зградата, да се врши насилство и да се прекине одлучувањето“, додаде Александар Василевски Нинџа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници