Нинџа: Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се издаваа наредби за 27 април, ми се закануваа дека ќе завршам како Крпач

Од:

Од 65 дена цели 55 дена бев на протестите. На протестите беше и Јовче Ременски, а од страна на Владимир Атанасовски ми беше задача да го следам него, да видам дали снима и што прави. Исто така беа следени и Зоран Заев, Оливер Спасовски, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.

Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, на денешното судење како сведок, рече дека бил следен и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, на кој од страна на специјален тим од УБК во неговиот дом му биле ставени камери.

– На 27 април околу 17:30 Спиро Ристовски ми се јави и ме праша како е состојбата. Се вратив во Дион и околу 18:03 со Веле Петрушевски, се упативме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски остана во бифе. Јас се качив на 8 кат. Таму имаше една сала за состаноци, каде ги видов Митко Чавков, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, Билјана Бришкоска. Чавков ме гледаше како да ме праша што барам тука, а јас го чекав Сашо Мијалков, но тој не беше таму. Од таму беа дадени сите наредби за 27 април, изјави Василевски.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, сведочеше Василевски, некаде околу 18:30 влезе Владимир Атанасовски.

– Од штабот тргнав некаде 19.05. Владимир Атанасовски облечен во тренерки ми даде насоки да известам. Пешки со Веле Петрушевски пред триумфална капија ги видов многу припадници од прикриен тим. Горан Грујоски имаше прикриен тим од 25 до 30 лица, ми се закануваа да не се предадам дека ќе завршам како Коста Крпач, изјави Нинџа.

Спиро Ристовски , рече Василевски, заедно со Кирил Божиновски на 27 април ги мобилизира сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се упатат кон Скопје.

– Мартин Лазаров, син на Душко Лазаров од УБК, околу 23:00 ме зема и ме прати во една од базите на УБК. Таму беа Сашо Марковски и Никола Бошковски. Имаа хард дискови. Владимир Атанасовски даде наредба да се уништат. Сашо Марковски со преса ги уништи хард дисковите, рече Василевски.

По наредба на директорот на УБК Владимир Атанасовски, Василесвки рече дека, остварил контакт со Јане Ченто.

– Тие лично беа поддржувани од Владимир Атанасовски. Потоа остварив средба со Игор Југ, во Куманово, таму беше и Јане Ченто. Со мене беше и еден прикриен агент. Патриотските здруженија беа искористени од Владимир Атанасовски, сега тие лежат затвор, изјави Василевски.

На 3-4 мај, рече Василевски-Нинџа, дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ го сретнал јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Велјановски, рече Василевски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Завршните зборови за „Организаторите на 27 април“ закажани за 1 јули

Ана Ололовска

Пораки меѓу Јанакиески и Милевска, два месеци пред крвавиот четврток: Зборувале за уметници, свирчиња, озвучување

Кристијан Ландов

Русковска и Јанакиески се скараа за пораки, обвинетиот тврди дека му ги покажала во 2018 година, обвинителката дека ги има од 2020 година

Ландов

„Нема услови за разрешување“, две години нема одговорност за Гешковска, Цветановски и Биковски за 27 април

Кристијан Ландов

Протест за ослободување на осудените за „27 април“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицкоски: Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд

Ана Ололовска