Нимиц во Њујорк ќе се сретне со Јолевски и Василакис

Од:

Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Како што соопшти службата за информирање на Обединетите нации, предвидени се одделни разговори на Нимиц со Јолевски и со Василакис, а потоа и заедничка средба.

Повикот за продолжување на разговорите следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој тогаш истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк. Со двајцата преговарачи, Јолевски и Василакис, посочи, ќе работи на разработка на идеите кои се конструктивни и обмислени и се надева оти ќе има напредок.

– Зборувавме за специфичности, за разновидни можности, а не само општо. Изнесов некои идеи и добив одредени реакции. Имам чувство дека постои зголемен интерес и сериозно вимание во однос на можностите за постигнување решение, изјави Нимиц по посетите на Атина и на Скопје, без да прецизира за какви идеи станало збор.

Македонија, како што изјави претседателот Ѓорге Иванов, очекува засилен ангажман од Нимиц и динамизирање на разговорите за името.

– Нимиц искажа оптимизам за време на последната негова посета, ги дозна нашите позиции и ставови бидејќи се расправаше за конкретни работи од процесот. Очекуваме тоа што беше од него слушнато во Скопје и во Атина, да им го пренесе на нашите претставници и дијалогот да добие една поголема динамика, рече Иванов во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк.

Во меѓувреме, еврокомесарот за проширување Штефан Филе предложи трилатерална средба со шефовите на дипломатиите  на двете земји, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, со цел Европската комисија да има директен увид во процесот на преговорите за името и да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ.

Македонската страна го прифати предлогот оценувајќи го како позитивен и добредојден, и како можност за дополнително градење доверба меѓу двете земји.

Официјална Атина, пак, го одби со став дека во оваа фаза нема потреба од трилатерална средба и оти најпрвин треба да се види што ќе произлезе од состанок на претставниците на двете земји со медијаторот Нимиц што треба да се одржи денеска и утре во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски