Нимиц во Њујорк имаше одвоени средби со Јолевски и Василакис

Од:

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Грција и Македонија за спорот за името Метју Нимиц вчера во Њујорк одржа одвоени средби со претставниците на двете земји Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски, јавија грчките медиуми.

За денеска е закажана заедничка средба по која ќе следуваат и изјави.

Во најавата за средбите на Нимиц, прес службата на ОН соопшти дека средбите се со цел да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес во решавањето на прашањето за името.

Нема официјални најави дали Нимиц ќе излезе со нови конкретни предлози и идеи. Тој на почетокот на месецов изјави дека и натаму верува оти ако се направи обид на властите во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името во наредните месеци.

 

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска