Нимиц во јануари во Атина со нов предлог за името

Од:

Медијаторот на ОН Метју Нимиц на почетокот од јануари во Атина ќе претстави нов предлог за решавање на прашањето за името, јави „Катимерини“.

– Постигнување договор за прашањето за името со Атина е клуч за отворање на патот на Македонија кон членство во ЕУ, изјави синоќа грчкиот премиер Андонис Самарас по дводневниот самит во Брисел.

– Има многу позитивен развој. За првпат, Европскиот совет едногласно одлучи дека решавањето на името со Скопје е предуслов за почеток на пристапните преговори. Пораката до Скопје е јасна. Тие треба да преземат вистински чекори за да го решат ова несогласување. Има два клуча кои ја отвораат вратата. Едниот е кај нив, а другиот го има Европа, рече Самарас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нимиц ќе ја посети Атина во втората недела од јануари за да преговара за нов предлог. Според извори на „Катимерини“, предлогот не се очекува да биде многу поинаков од оној во јули 2009 кој гласеше „Република Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски