Нимиц свика средба во Њујорк на 6. мај

Од:

Посредникот во разговорите за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц свика нова рунда разговори на 6. мај во Њујорк. Според соопштението на Обединетите нации, двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.

Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата посредници, а потоа и на заедничка средба во седиштето на Обединетите нации.

Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција, откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска