Нимиц свика нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис во Њујорк

Од:

Медијаторот Метју Нимиц за 29 и 30 јануари во Њујорк свика нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис.

Во кусото соопштение пишува дека средбата е продолжение на разговорите што тој со високи државни претставници ги имаше минатата недела во Атина и Скопје.

За време на минатонеделните средби медијаторот Нимиц претстави како што рече познати, но дополнети предлози за можни решенија, а од двете земји си замина со за него невообичаено оптимистички изјави дека кај двете страни постои позитивна клима и волја за можно решение.
Нимиц од Скопје најави интензивирање на разговорите, а новата средба само две недели по посетата на Скопје и Атина е невообичаено интензивна динамика за преговарачкиот процес.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска