Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц синоќа во Њујорк се сретна со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Состанокот со Јолевски во седиштето на ОН, како што пренесе Канал 5, траел кратко при што Нимиц му ги пренел ставововите на грчката страна кои што се однесуваат на македонските предлози доставени до медијаторот.
Нимиц претходно се сретнал и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис од кого ги добил ставовите и реакциите на најновиот пакет идеи кои што медијаторот во соработка со американски и европски дипломати ги развил по посетата на Скопје и Атина пред дваесетина дена.
По консултациите на двајцата преговарачи со своите влади во Скопје и Атина, денеска продолжуваат разговорите на заедничка средба на која се очекува да бидат разгледани сите прашања од идеите презентирани од Нимиц.