Нимиц: Решението за спорот за името е на повидок

Од:

Решението за спорот за името е на повидок со што ќе се стави крај на 27-годишниот спор меѓу Грција и Македонија, изјави посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц.

Тој кажа дека има големи надежи оти овој процес се движи во позитивна насока, по вечерашните разговори со претставниците на двете земји, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

Медијаторот посочи дека презентирал сет сугестии и предлози, кои очекува Наумовски и Василакис да ги претстават на своите влади.

– Нереално е да се очекува решение што нема да го содржи терминот Македонија, нагласи Нимиц по средбата.

Во следните две недели тој ќе ги посети двете земји за да ги слушне мислењата на Владите и да се одлучи како ќе се продолжи понатаму.

Нимиц изјави дека е тешко да се излезе со нешто ново во овој спор, бидејќи трае 25 години и размислувани се сите идеи, но смета дека овој сет идеи се компромис со кој би се согласиле и двете страни.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони