Нимиц: Има нов импулс во напорите за решавање на спорот за името

Од:

Решавањето на спорот за името е високо на агендата на владата во Скопје и затоа има „нов импулс“ во напорите за решавање на проблемот, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија Метју Нимиц.

– Владата во Скопје е подготвена да ја реактивира својата надворешна политика во регионот и очигледно прашањето за името е важна пречка на патот кон европската интеграција и НАТО членството. Значи, ова е високо прашање на нивната агенда и затоа мислам дека има нов импулс, изјави Нимиц за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).

На прашањето што гледа како следен чекор, Нимиц потсетува дека беше во Скопје, а разговараше и со грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас и најави дека ќе биде во контакт со двете страни во следните месеци со цел да се развие нов план за движење напред.

Запрашан дали има какви било предлози за името Нимиц одоговри не, нагласувајќи дека не дал никакви предлози. – Имаше предлози во минатото и сметам дека сега е време да се зборува за некои основни концепти пред да стигнеме до предлози, изјави Нимиц.

Нимиц во понеделникот во Брисел се сретна со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас, кој го информирал медијаторот за ставот на Атина по средбите кои грчките власти ги имале „со новата Влада на северниот сосед“.

– Се договоривме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за да се најде решение, рекол Коѕиас.

Метју Нимиц во почетокот на месецов беше во посета на Скопје каде што имаше средби со македонскиот државен врв.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска