Нимиц: Државниот врв посветен на изнаоѓање решение на спорот за името

Од:

Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски изјави дека добил силно уверување оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв, што е охрабрување за него.

На новинарско прашање дали може да сe каже оти по две децении сега има шанса да се реши проблемот, експлицитно одговори „да“.

Нимиц на прес-конференцијата по средбата со премиерот Груевски во Владата не сакаше да прецизира за какви идеи и предлози станува збор за, како што вели, да не го попречува процесот.

– Инволвиран сум во ова прашање од 1994 година и не можам да кажам дека станува збор за сосема нови идеи. Но, работите се издигнуваат на други нивоа и во други контексти и сметам дека секогаш постои можност за креативност и да се дојде до позитивен заклучок, рече Нимиц.

Медијаторот истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк.

Со двајцата преговарачи, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, ќе работи на разработка на идеите кои се конструктивни и обмислени и се надева оти ќе има напредок.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска